
Германскиот играч за врска Тони Крос доби отворена понуда од Реал Мадрид за нов едногодишен договор, но сѐ уште нема донесено одлука дали ќе продолжи да игра фудбал и следната сезона.
Крос реши искрено да одговори дека не знае дали ќе игра следната сезона, и дека најверојатно ќе донесе одлука во наредните два месеци.
„Тоа е одлука која сѐ уште не сум ја донел. Ќе одлучам во следните месец или два. Секогаш ви ја кажувам вистината и вистината е дека навистина не знам. Многу луѓе сакаат да играм уште една година и тоа е позитивен знак. Се чувствувам добро, но, сепак, одлуката сѐ уште не е донесена“, изјави Крос.
Иако има само 34 години, веќе извесно време се шпекулираше дека Крос би можел да се пензионира на крајот од сезоната, но со оглед на формата во која се наоѓа, тешко е да се очекува тоа да се случи.
Најдобар знак е неговото враќање во германската репрезентација, поради што многумина веруваат дека Тони Крос дефинитивно ќе го гледаме на големата сцена и следната сезона.
Минатото лето тој го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година и како што стојат работите, истото сценарио ќе го видиме и на крајот од оваа сезона бидејќи Крос е стандарден во тимот на Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
