Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во посебни услови ќе се врати во Торино. Тој е позитивен на коронавирусот, а вечерва ќе се врати во Италија со специјален карантин – авион. До аеродромот ќе мора исто така да биде превезен со посебно возило на итна помош.
Доколку се биде в ред, Роналдо ќе треба да остане во десетдневен карантин во Торино, а ќе бидат потребни два негативни теста за да добие дозвола да излезе од изолација и повторно да тренира.
УЕФА напомена дека Кристијано Роналдо ќе мора да прикаже два негативни теста најмалку една седмица пред настапите во Лигата на шампионите. Трка со времето ќе биде дали ќе може тоа да го оствари пред дуелот на Јувентус и Барселона, односно неговиот „дуел“ со Лионел Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













