Македонскиот прволигаш Шкупи ангажира големо засилување за новата сезона. На Чаир пристигна повремениот македонски репрезентативец Кристијан Тошевски. Тој потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една дополнителна сезона.
„Драго ми е што се враќам во домашното првенство и ќе играм за Шкупи. Се надевам дека ќе ги оствариме високите цели на нашиот сопственик, а тоа е да ја вратиме титулата на Чаир и да влеземе во групите од Конференциската лига“, изјави Тошевски по потписот на договорот.
Тошевски ја почна кариерата во Тетекс, потоа се пресели во Пелистер, а неколку сезони играше о за Вардар, пред да се пресели во албанскиот клуб Тирана.
Тој има девет настапи за А репрезентацијата на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













