Поранешниот македонски репрезентативец, голманот Кристијан Наумовски, се враќа во Македонија и ќе го брани голот на Шкупи. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од Чаир и веднаш му се приклучи на тимот на подготовките во Охрид.
„Среќен сум што успеавме да постигнеме договор со раководството на Шкупи, тренерот Мухарем Бајрами инсистираше да го засилам тимот и да дојдам во Шкупи. Ова е клуб со голема традиција во македонскиот фудбал и со верни навивачи. Се надевам дека ќе бележиме успеси во наредниот период“, изјави Кристијан Наумовски.
Тој во Македонија беше дел од Работнички, а потоа градеше интернационална кариера. Беше член на Динамо Букурешт, Левски Софија, потоа замина во Хонг Конг и настапуваше за Пегасус, а играше и на Малта, во Балзан и во Биркиркара.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













