Connect with us

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Тотенхем во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Тотенхем и Нуно Еспирито Санто имаа максимален ефект во првите три кола, но по репрезентативната пауза доживеаја пораз. Кристал Палас на домашен терен славеше со 3-0 против Тотенхем откако успеа да ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Џафет Танганга во 58.минута.

Вилфрид Заха од пенал го отвори резултатот во 75.минута, а Одсон Едуард во првиот контакт со топката по влегувањето во игра зголеми на 2-0 во 84.минута. Во судиското продолжение, Едуард уште еднаш ја затресе мрежата на Хуго Лорис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови