Connect with us

Кристал Палас ги шокираше „граѓаните“, Брајтон го изненади Ливерпул (ВИДЕО)

Челси најмногу профитираше во ова коло од Премиер – лигата, со оглед дека славеше убедлив триумф (0-3) на гости против Њукасл. Рис Џејмс беше стрелец на два гола, а погоди и Жоргињо од пенал за потврда на победата.

Кристал Палас го шокираше Манчестер Сити на „Итихад“ со триумфот од 0-2. Вилфрид Заха во шестата минута најави изненадување, а Конор Галахер во финишот постигна и втор погодок за гостите.

Ливерпул одигра само 2-2 дома против Брајтон. Хендерсон и Мане донесоа предност од 2-0 за тимот на Јирген Клоп и сите помислија дека работата е завршена. Мвепу во 41.минута намали, а Тросард во 66.минута го израмни резултатот. Ливерпул беше шокиран, па не успеа да одговори со трет погодок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови