Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ се согласил на намалување на платата за 10 отсто за да го носи дресот на Реал Мадрид и следната сезона. Сепак, претседателот Флорентино Перез одлучил дека неговата плата нема да се „крати“.
„Намалувањето од 10 отсто, кое Лука Модриќ го прифати за обновување на договорот до летото 2023 година, на крајот нема да се применува. Клубот нема да ја намали платата на Хрватот и ќе продолжи да заработува 9,6 милиони евра“, открија шпанските медиуми.
Модриќ игра фантастичен фудбал и на 36 години, а неодамна изјави дека не го чувствува товарот на годините и дека сака уште долго да игра на врвно ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













