Фудбалерите на Реал Мадрид останаа заглавени во авион непосредно пред полетувањето за Памплона каде утревечер треба да го одиграат мечот против Осасуна од претстојното коло во Ла Лига. Поради големите снежни врнежи „кралевите“ одлучија вечерва да летаат за Памплона наместо утре изутрина, но замрзнатата писта не дозволи авионот веднаш да полета.
„Кралевите“ повеќе од два часа се во авион и чекаат дозвола за полетување. Доколку не успеат да стигнат навреме, можно е натпреварот да биде поместен за в недела во претпладневните часови. Зимата сериозно ја „нападна“ Шпанија и најголем дел од територијата е под снежни наноси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski