
Шпанскиот шампион Реал Мадрид е во потрага по напаѓач и се вклучи во трката за Пауло Дибала. Аргентинецот од 1 јули ќе стане слободен играч, откако не успеа да се договори со „бјанконерите“ за нов договор.
До неодамна се сметаше дека Интер е фаворит за неговиот потпис, но сепак „нероаѕурите“ привремено ги прекинаа преговорите со Дибала.
Сега „Тутоспорт“ тврди дека Реал Мадрид ја следи ситуацијата со офанзивниот играч и може да достави понуда во случај Марко Асенсио да реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.
Шпанскиот репрезентативец размислува за понудите на Милан и на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal