Connect with us

„Кралевите“ сакаат да го купат и Карим Адејеми од Борусија Дортмунд

Трансферите на релација Борусија Дортмунд – Реал Мадрид за ова лето можеби и не завршија само со заминувањето на Џуд Белингем во шпанскиот клуб. Според „Билд“, шпанскиот гигант е заинтересиран и за младиот крилен напаѓач на германскиот клуб Карим Адејеми.


21-годишниот Германец, кој израсна во младинскиот систем на Баерн, а се промовираше во Салцбург, се врати во Германија и игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд.


„Кралевите“ се свесни дека таков трансфер нема да биде евтин и ќе чини најмалку 80 милиони евра, но сепак ја следат ситуацијата со германскиот талент, кој има договор со Борусија до 2027 година.


Реал Мадрид е во потрага по засилувања во нападот, се очекува шпанскиот репрезентативец Хоселу да потпише од Еспањол, а сигурно ќе дојде уште еден напаѓач.


Карим Адејеми добро се вклопува во стратегијата на Флорентино Перез за доведување млади играчи, откако и бразилскиот суперталент Ендрик неодамна потпиша за близу 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови