
Реал Мадрид ја оствари 19. победа во Ла Лига оваа сезона откако триумфираше на гости против Осасуна со 2-4. „Кралевите“ сега имаат десет бода предност на врвот на табелата во однос на Џирона, која има и еден одигран натпревар помалку.
Винисиус Жуниор во четвртата минута го доведе Реал Мадрид во водство, но израмни Анте Будимир само три минути подоцна.
Дани Карвахал во 18.минута повторно обезбеди предност за „кралскиот клуб“. Во вториот дел погодија и Брахим Дијаз и повторно Винисиус Жуниор за убедливо водство за лидерот на табелата.
Осасуна до крајот постигна уште еден гол преку Икер Муњоз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?

Прва лига
Арбин Зејнулаи се врати во Шкендија
