
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид сака да го привлече францускиот интернационалец Кингсли Коман од Баерн Минхен. Раководството на европскиот клупски шампион веќе подолго време го следи Коман, но германскиот клуб засега нема намера да се раздели со 26-годишниот крилен напаѓач.
Баерн би можел да се согласи на продажба на играчот само доколку пристигне многу сериозна финансиска понуда од Реал.
Коман сезонава за Баварците на 19 натпревари забележа три гола и пет асистенции. Тој има договор со Баерн Минхен до летото 2027 година.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement