Кожуф минимално го победи Братство со 1-0, а Детонит јуниор и Осогово одиграа без голови во последните два меча од есенскиот дел од Втората лига – Исток кои претходно беа одложени поради лоши временски услови.
Кожуф дојде до победа против Братство со голот на Томица Петров во 28. минута.
Кораби и Охрид Лихнидос одиграа без голови, а Тетекс на гости славеше против Гостивар со 2-3. Натпреварот Велешта – Силекс и вторпат не се одигра, откако домаќинот не обезбеди терен за да се одигра дуелот, па кратовци многу веројатно ќе го добијат со службен резултат 0-3.
Андреј Јаневски и Дамјан Масевски му донесоа водство од 0-2 на Тетекс, а потоа Сунај Хасан намали и донесе неизвесност. Ринор Ајдини во 50.минута постигна погодок за 1-3 за Тетекс, а Љавдрим Скендери во 70. минута го постигна конечниот епилог.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













