Тотенхем е во нови проблеми откако двајца фудбалери се вратиле од репрезентативната пауза позитивни на коронавирус. Информацијата е потврдена од клубот иако идентитетот на фудбалерите официјално не е објавен.
Сепак, медиумите на Островот тврдат дека се работи за едне од најдобрите играчи на тимот, Хјонг – Мин Сон и младиот шпанскиот фудбалер Брајан Хил. Тие двајцата се изолирани и ќе пропуптат најмалку два натпревари на Тотенхем, неделниот дуел против Њукасл, како и гостувањето кај Вест Хем.
Многу поголем проблем за менаџерот Нуно Еспирито Санто е неиграњето на Сон. Хил дојде во Тотенхем од Севилја ова лето и засега добива шанса од клупата за резерви.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













