
Фудбалската репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за настап на Европското првенство. Од вчера националниот тим е во Букурешт, а играчот за врска Тихомир Костадинов вели дека „црвено-жолтите“ земаа добар залет со триумфот над Казахстан.
„Не очекува историски настап на Европското првенство и подготвени сме за предизвикот. Земавме добар залет со триумфот над Казахстан. Победивме 4-0 и покажавме добра игра. Секој натпревар на ЕП ќе биде тежок. Не се оптоваруваме со претходните два меча против Австрија, ова е нов меч, нов ден и ќе се обидеме да бидеме во најдобро светло“, изјави Костадинов.
Првиот дуел на Македонија на ЕП е закажан за 13 јуни, со почеток во 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal