Фудбалската репрезентација на Македонија трет ден се подготвува во Анталија за пријателските натпревари против Молдавија и против Црна Гора. Условите за тренинзи се одлични, а наближува првиот тест против Молдавците.
Играчот за врска Тихомир Костадинов, вели дека Молдавија воопшто не е наивен ривал, но нашите фудбалери се максимално мотивирани да остварат позитивен резултат.
„Прекрасно е што сме сите повторно заедно во националниот тим. Овие два пријателски натпревари се одлична можност за надградба и воигрување, за тактичко усовршување, а секако резултатите од мечевите се најважни. Молдавија воопшто не е наивен ривал, го знам тоа бидејќи Полјаците имаа многу проблеми со нив во минатите квалификации, па сигурно дека нема да ги потцениме. Црна Гора е исто така една мошне квалитетна селекција, па јасно е дека ќе имаме две одлични проверки на формата. Верувам дека ќе одиграме добро и со сите сили ќе се трудиме да ги победиме ривалите“, изјави Тихомир Костадинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













