Connect with us

Косово гради нови два стадиони, а во Националниот стадион ќе вложи 250 милиони евра

Косово се подготвува за изградба на нов стадион. Во Гњилане ќе се гради нова објект со капацитет од 8.750 луѓе, а стадионот ќе биде од четврта категорија на УЕФА. Во Косово тврдат дека буџетот за изградба на стадионот е обезбеден. Хајрула Чеку, министер за спорт, тврди дека проектот е готов.


„Конечниот проект на стадионот во Гњилане, кој недостасуваше, сега е изготвен и подготвен за реализација, додека буџетот потребен за финансирање на реализацијата е веќе обезбеден. Во денешниот договор со градоначалникот Албан Хисени ветивме 15 милиони евра за изградба на стадионот. Веднаш ќе започнат потребните процедури за реализација на проектот, а работите во целина ќе започнат во најбрз можен рок. Одлучно го спроведуваме инвестицискиот план за Медитеранските игри во 2030 година. Создаваме подобра иднина за спортот“, додаде Чеку.


Косовскиот премиер Албин Курти најави изградба на национален стадион, кој треба да биде готов за седум години, за да биде подготвен за Медитеранските игри. Според првите проценки тој стадион би требало да чини околу 250 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови