Украинскиот клуб Динамо Киев со минимален број на фудбалери отпатува за Барселона каде утре треба да го игра натпреварот од Лигата на шампионите. Тренерот Мирчеа Лучески има на располагање само 13 фудбалери. Инаку тоа е минимумот пропишан од УЕФА за воопшто да може да се одигра еден натпревар.
Динамо Киев отпатува без двајцата голмани од сениорскиот тим, како и најголем дел од првотимците. Дополнителен проблем е и суспензијата на Сидорчук кој беше исклучен во минатото коло против Ференцварош.
Доколку само уште еден фудбалер на Динамо Киев покаже симптоми на коронавирусот, овој меч против Барселона нема да се одигра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













