
Останува уште само едно коло од првенството на Хрватска, а овој викенд ќе се дознае кој ќе биде новиот првак – Ријека, Динамо или Хајдук. Покрај борбата за титулата, неизвесна е и трката за последното место кое води во европските натпреварувања, што ќе се реши по финалето на Купот в среда меѓу Ријека и Славен Белупо.
Четвртиот патник во Европа ќе биде познат дури по тој меч, а покрај Славен, во игра се и Вараждин и Истра.
Освен слава, тука се и сериозни финансии
Новата шампионска титула носи директно учество во квалификациите за Лигата на шампионите, но од пласманот на табелата зависи и приходот на клубовите од ТВ права. Договорот за телевизиските права, потпишан во 2022 година на четири сезони, изнесува вкупно 44 милиони евра – највреден договор од ваков тип во историјата на ХНЛ. Тоа треба да биде урнекот како во иднина да се постави системот и во македонската Прва лига. Десет хрватски клуба ќе добијат вкупно 8 милиони евра за ТВ права, според ранкингот.
Еве колку пари ќе добие секој клуб според пласманот:
- 🥇 1. место: 1.230.000 €
- 🥈 2. место: 1.140.000 €
- 🥉 3. место: 1.050.000 €
- 4. место: 995.421 €
- 5. место: 915.787 €
- 6. место: 862.698 €
- 7. место: 825.536 €
- 8. место: 780.410 €
- 9. место: 729.975 €
- 10. место: 777.755 € (вклучува 645.032 € + 132.723 € бонус)
Секој бод и секое место оваа сезона вреди злато, и не само во спортска, туку и во финансиска смисла. Се очекува возбудлив викенд полн со неизвесност, емоции и одлуки кои ќе ја одредат фудбалската мапа на Хрватска за сезоната 2025/26.
Не треба премногу да се размислува, треба само овој концепт да се примени и во Македонија, иако, се разбира, колачот од ТВ права нема да биде толку голем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул
