Connect with us

Конте: Треба да бидеме реални, далеку е Наполи од титула во овој момент

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази задоволство од победата на неговиот тим со 2-0 над Монца, со која клубот привремено се искачи на врвот на табелата во Серија А. Сепак, тој смета дека на Наполи му претстои долг пат и не размислува за титулата.

„Секогаш сум тврдeл дека е предност кога можеш да тренираш цела недела, но од друга страна, недостаток е тоа што губиме ритам поради неучеството во Европа. Сепак, ние ќе се обидеме да ги оствариме нашите соништа, но да бидеме реални и да признаеме дека сè уште сме далеку од целта. Мораме да се бориме за секоја победа, како што тоа го направивме и сега. Само пред три месеци, претседателот изјави дека започнуваме целосна реконструкција на тимот. Заминаа 14 играчи, а дојдоа 7. Изгубивме фудбалери како Осимен и Зиелински“, изјави Конте.

„Знам какви се очекувањата од мене, бидејќи сум постигнал големи успеси во минатото. Како што реков, навивачите имаат право да сонуваат, но мојата работа е да останам цврсто на земја и да признаам дека други тимови сè уште нѐ надминуваат во многу аспекти. Ние ги следиме и ќе го дадеме најдоброто од себе. Имам доволно искуство и знам што зборувам кога велам дека треба да останеме реални. Затоа што слушам коментари од луѓе кои не освоиле ништо и не знаат за што зборуваат. Засега нашата цел е да го направиме Наполи конкурентен повторно, а не да биде десетти на табелата со 40 бодови помалку од Интер. Тоа е пораката што сакам да ја испратам до сите“, додаде Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови