
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го пофали својот тим за важната победа од 1-0 против Рома, со која „партенопеите“ повторно се вратија на врвот во Серија А. По натпреварот, Конте го прокоментира и гневниот одговор на Квича Кварацкелија по неговата замена.
„Пред натпреварот им реков на фудбалерите да не гледаат на табелата, туку да се фокусираат на играта и да го применат на терен она што го вежбавме неделава. Имаме уште чекори што треба да ги направиме за да го подигнеме нивото“, изјави Конте.
Тој беше задоволен од играта на тимот до 65. минута, но нагласи дека Наполи не успеал да ја искористи предноста и да го осигура триумфот против силниот противник.
„Ми се допадна како одигравме до 65. минута. Жал ми е што не направивме поубедливо водство против тим како Рома, кој има квалитетни фудбалери. Не бевме доволно внимателни при статичните ситуации и дозволивме да погодат статива. Во последните 20 минути се повлековме премногу назад и сами си ја искомплициравме ситуацијата“, додаде тој.
Во врска со замената на Кварацкелија, Конте објасни:
„Првото полувреме беше едно од најдобрите негови откако сум тука. Се врати со мала повреда на адукторот од репрезентативните обврски и не тренираше целосно пред натпреварот. Одлично ја исполни задачата до полувремето, но по водството видов дека ни треба повеќе свежина за да избегнеме мускулни повреди.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал тргнува по потписот на Салиба

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА
