Тренерот на италијанскиот калчолигаш Интер, Антонио Конте, откри дека кинеската компанија „Сунинг“ се откажала од првичниот план за изградба на тимот на „нероаѕурите“. Во Интер не пристигна ниедно засилување оваа зима, а Конте меѓу редови испрати порака дека не е задоволен од раководството.
„Имавме поинакви планови. Проектот на „Сунинг“ запре, но понекогаш е подобро да се молчи и да се остават работите да течат онака како што може. Што се однесува до поразот од Јувентус, им подаривме два гола поради наши грешки, но има уште еден натпревар и ќе се подготвиме подобро за реваншот. Заработивме и две повреди, го немавме и Лукаку во тимот, но ништо од тоа не е оправдување. Сега мислиме на мечот со Фиорентина во Серија А“, изјави Антонио Конте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













