Наполи оствари важна гостинска победа против Фиорентина со 1-3. Антонио Конте искажа задоволство од голем дел од играта на својот тим, но истовремено упати и забелешки, бидејќи смета дека сè уште има работи што мора да се подобрат.
Тренерот најмногу се осврна на периодот по применетиот гол.
„Покажавме дека сме подготвени. Од самиот почеток имавме вистински став, доминиравме и создававме шанси, а Де Хеа неколку пати не спречи да постигнеме повеќе голови. Сепак, не смее да се дозволи да страдаме во финишот“, истакна Конте.
„На играчите ќе им укажам што беше добро, а што мора да поправат. По примениот гол паднавме во играта и тоа е нешто што мора да го избегнеме. Ако играме толку квалитетно, мораме да го решиме натпреварот многу порано.“
„Се радувам на победата против силен противник, но воедно мораме да останеме свесни за нашите слабости. Не сум перфекционист, но повеќе сакам да гледам на тоа што недостига и на што треба да работиме, наместо да се занесуваме со добрите моменти.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













