
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека би било чудо доколку тимот ја освои титулата, но тоа не значи дека нема да се стреми кон неа. Синоќа, „партенопеите“ го победија Милан со 0-2 на „Сан Сиро“ и сега водат во Серија А со предност од седум бода пред второпласираниот Интер.
„Не се криеме, но се обидуваме да бидеме реални. Досегашните резултати се фантастични, не си замислував ваков старт. Имам одредени успеси зад себе, што носи очекувања. Нашата цел е да се вратиме во европските натпреварувања. Мислам дека Наполи не учествувал во нив за првпат по 14 години. Има уште пет или шест тимови со иста амбиција. Да не заборавиме дека минатата сезона завршивме со 41 бод помалку од шампионот. Сакам навивачите да сонуваат, но исто така да бидеме со нозете цврсто на земја“, истакна Конте.
Тој исто така го пофали тимот за колективната игра и за единството.
„Само за четири месеци изградивме цврста основа, и слободно можам да кажам дека индивидуалците се подредени на тимот. Ова е еден од најдобрите состави што сум ги имал во кариерата. Атмосферата е одлична, а тоа е предуслов за успех. Луѓето во Неапол се многу емотивни, и деновите после натпревар се тешки ако тимот не победи. Сакам навивачите да бидат горди на фудбалерите и сметам дека сега имаат причина за тоа“, додаде Конте.
За Лукаку, Конте изјави дека двајцата имаат одличен однос.
„Ромелу беше подготвен на сѐ за да дојде во Неапол. Тој ја намали својата плата и одби понуди од Англија, сето тоа за повторно да работиме заедно. Тој е одлично момче, а и целокупниот тим е составен од играчи кои се подготвени да се жртвуваат за дресот на Наполи“, заврши Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
