Connect with us

Конте: Можеби нема да ја завршам сезоната во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте разочарано ја коментираше елиминацијата од Лигата на шампионите по ремито без голови на реваншот на домашен терен против Милан. Италијанскиот стручњак дури и навести можен прекин со лондончани пред да му истече договорот.


„Го почитувам договорот што го потпишав. На крајот на сезоната ќе седнеме и ќе ја процениме ситуацијата со клубот… Но ништо не се знае, клубот можеби сака да се ослободи од мене порано. Можеби раководството имаше поголеми очекувања“, изјави Конте.

Антонио Конте е на клупата на Тотенхем од 2021 година, а договорот му истекува оваа година. Претходно тренерот беше на кормилото на Интер, Челси и на Јувентус, како и селектор на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови