Connect with us

Конте и Интер – сопружници кои неволно живеат заедно

Италијанскиот калчолигаш Интер и оваа сезона експресно е елиминиран од Лигата на шампионите уште во групната фаза, а нема да продолжи ниту во второто европско натпреварување. Заврши како последнопласиран во групата, а фановите се бесни затоа што тимот не можеше да го победи Шахтјор Доњецк ниту на еден од двата натпревари за да избори пласман во осминафинале од елитата. 

Ова става огромен притисок на тренерот Антонио Конте и неговото егзистирање во клубот. Засега раководството вели дека тој ја има поддршката, но всушност за двајца сопружници кои неволно живеат во заедница. Конте има договор со годишна плата од 12 милиони евра и отказот многу би го чинел клубот во овој кризен период кога пандемијата на коронавирусот многу ја ослабна моќта на клубовите. 

Конте добива шанса да го води Интер се додека е конкурентен во трката за скудетото. Тој инсистира да ја задржи формацијата 3-5-2 и им верува на премногу искусни фудбалери, дури и ветерани, а раководството сака да го води клубот на сосема поинаков начин. Разделбата се чини дека е евидентна и ќе се случи…Посебно доколку ги нема посакуваните резултати.

 

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови