Connect with us

Конте го одбил Баерн, сака да биде тренер на Јувентус

Антонио Конте ја одби понудата да го преземе Баерн Минхен од лето. Баварскиот гигант го бараше италијанскиот стручњак како замена за Томас Тухел, кој ќе си замине на лето, но добија категорично „не“, тврди „Ла Република“. 54-годишниот стратег, кој последен пат беше на чело на Тотенхем, но замина со заедничка согласност во 2023 година, одлучи дека сака да ја продолжи кариерата во Италија и да биде поблиску до семејството.

Откако Наполи и Рома ги избраа своите нови ментори, Конте останува да се надева на повик од Јувентус или од Милан. Всушност, тренерот повеќе би сакал да се врати во Јувентус.

Клубот сѐ повеќе размислува за разделба со Масимилијано Алегри во текот на летото и италијанските медиуми најавуваат дека торинскиот гигант навистина се насочил кон Конте, кој го предводеше тимот до три титули помеѓу 2011 и 2014 година за време на неговиот претходен престој.

Сепак, Јувентус сѐ уште нема донесено конечна одлука за тренерското место за следната сезона. Покрај Конте, клубот ја разгледува опцијата и за тренерот на Болоња, Тијаго Мота. Не е целосно исклучена опцијата Алегри да ја задржи функцијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови