Италијанскиот стратег Антонио Конте би можел да го предводи Арсенал, тврди британски „Тајмс“. Тимот на „топчиите“ лошо ја стартуваше новата сезона, забележа два порази, а во следното коло му гостува на шампионот Манчестер Сити.
Не му се пишува добро на Микел Артета кој би можел да биде отпуштен. Според извори од Островот, раководството на Арсенал веќе стапило во контакт со Антонио Конте.
Арсенал по две кола не успеа да освои ниту еден бод, ниту да постигне гол. Навивачите на „топчиите“ веќе побараа оставка од Артета.
Последното работно место на Конте беше Интер, со кој ја освои шампионската титула минатата сезона, а си замина откако раководството најави дека ќе ги распродаде најдобрите фудбалери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













