Необична недела е зад фудбалерите на Милан, кои со голови во судиското продолжение стигнаа до голема победа на домашен терен против Парма со 3-2. Сепак, тоа што предизвика поголемо внимание е конфликтот меѓу тренерот Серџо Консеисао и искусниот дефанзивец Давиде Калабрија.
Директен како и секогаш, Консеисао изјави дека веќе ги смирил односите со искусниот италијански фудбалер и изрази задоволство што непријатната ситуација се случила за време на самиот натпревар.
„Понекогаш со адреналинот кој го носи натпреварот мора да се живее со страст за овој спорт. Сметам дека тоа е добра работа. Мене ми беше во ред бидејќи ситуацијата се случи за време на натпреварот. Тоа е исто како со децата. Ако се однесуваат лошо, мора да реагирате. Јас сум директен, фудбалерите знаат дека градиме врска и дух кој на крајот се покажа како пресуден“, изјави Консеисао за италијанскиот „ДАЗН“ по мечот на „Сан Сиро“.
Коментирајќи ја одлуката на полувреме да ги остави Тео Хернандез и Рафаел Леао на клупа, португалскиот тренер истакна дека тоа не било за да ги понижи, туку да ја подобри играта на својот тим.
„Мораме да ја подобриме нашата игра. Изборот на полувреме беше направен во таа насока, без оглед на имињата. Тео и Леао секогаш го даваат максимумот за тимот и тоа јас го знам“, рече Консеисао со смирен тон, додавајќи дека двајцата ќе бидат стартери против Динамо Загреб во ЛШ.
Со победата над Парма, Милан се искачи на шестото место на табелата, а веќе за три дена ги очекува гостување на „Максимир“ пред градското дерби против Интер следниот викенд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal