Connect with us

Конечно, Македонија што повторно победува (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлива победа (0-4) против Лихтенштајн во Вадуц и се врати во игра за мундијалскиот бараж. Ова е прв триумф за новиот селектор Благоја Милевски и конечно Македонија што повторно победува по пауза од шест меча.

Нашиот национален тим доминираше во секој поглед во Вадуц, создаде неколку големи шанси и пред Дарко Велковски да го отвори резултатот во 39.минута. Немаа среќа Милан Ристовски, Елиф Елмас, Дарко Чурлинов. Но, Велковски го проби бункерот на домаќинот, а потоа беше многу полесно.

Во вториот дел, Езгјан Алиоски погоди од пенал за 0-2 во 65.минута, Бобан Николов влезе во игра и во 74.минута ги разреши сите дилеми за 0-3, а Дарко Чурлинов го постави конечниот резултат со голот во 83.минута.

За три дена во Скопје гостува големиот фаворит Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови