По долгите преговори, Серхио Агуеро и Барселона пронајдоа заеднички јазик. Аргентинецот ќе им се приклучи на каталонците по финалето во Лигата на шампионите, во кое Манчестер Сити и Челси ќе се борат за престижниот трофеј.
Агуеро ќе потпише договор со Барса до јуни 2023 година со плата од 5 милиони евра, а во договорот е вклучен и дополнителен бонус доколку тимот од “Камп Ноу” ја освои Лигата на шампионите во следните две сезони. Се верува дека клучна улога во оваа зделка одигра Лео Меси, чија иднина делуваше неизвесна пред гласините за можното доаѓање на неговиот сонародник.
Исто така, Барселона е се поблизу и со доведување на Мемфис Депај. Холандскиот репрезентативец, наводно, ги известил своите нови адвокати дека сака да и се приклучи на “блауграна” од следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













