Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, потврди дека повредениот напаѓач Хари Кејн ќе го пропушти утрешниот натпревар против Баер Леверкузен во Купот на Германија. Сепак, Компани изрази доверба дека тимот ќе може успешно да ја пополни празнината со други напаѓачи, кои имаат различни карактеристики.
„Тешко е да се каже колку долго ќе биде отсутен Хари. Постои можност да се врати уште оваа година, но дефинитивно ќе пропушти неколку натпревари. Тој е играч од светска класа и е тешко заменлив во ситуации „еден-на-еден“. Сепак, имаме алтернативи и утре нема да ни недостига талент. Располагаме со опции како Томас Милер, Матис Тел, Серж Гнабри, Мајкл Олисе, Лирој Сане и Џамал Мусијала – сите се играчи со голгетерски потенцијал“, изјави Компани на денешната прес-конференција.
Во врска со ситуацијата на Гнабри, тој додаде:
„Ќе видиме како ќе се чувствува по последниот тренинг и ќе донесеме одлука неколку часа пред натпреварот.“
Компани се осврна и на предизвикот да игра против тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
„Како играч, Алонсо секогаш имаше неверојатна визија и опсег на додавања. Сега како тренер, тој пренесува многу од својот фудбалски интелект на тимот. Баер Леверкузен моментно игра со висок пресинг, агресивни се, компактни и тактички разновидни. Ќе мора да бидеме внимателни и да ги истакнеме нашите силни страни.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













