Ниту најголемите песимисти на кои е драг Вардар не се надеваа дека тимот ќе биде последен после четири кола од новата сезона. Клубот доби финансиска инјекција од милион евра, беа купени неколку засилувања, но по очајниот настап на Чаир и поразот од Шкупи, денеска следеше уште еден шок и пораз (1-3) од Воска Спорт на домашен терен.
Единствено „Комитите“ се на ниво кога е Вардар во прашање.
Тие му се заблагодарија на Горазд Михајлов, кој по единствениот триумф оваа сезона, против Пелистер (1-0) во дербито, си замина од клубот.
А кога се фудбалерите во прашање, ги вратија од соблекувалната да дојдат пред Запад и им одржаа лекција дека на ваков срамен начин не се носи дресот на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













