Навивачката група Комити Скопје со нова реакција за состојбата во Вардар. Комити тврдат дека Вардар е фрлен на улица од оние кои се негови сопственици. Најавуваат дека секој ќе си го добие заслуженото, а клубот не го оставаат до последен здив.
„Вардар е фрлен на улица од оние кои формално и правно се негови сопственици. Вардар не е згрижен ниту од својот патрон Градот Скопје. Вардар е за жал тревата на која “битка бијат слоновите”.
Во моментов единствени кои стоиме позади клубот во вистинска смисла на зборот сме ние н.г. Комити, мала група ентузијасти, но и вие НАРОДОТ !
Сакаме кога е веќе така да покажеме дека можеме да бидеме силни и кога против нас (а очигледно е така) стојат можеби најголемите олигарси во државава. Не е лесно, сакаат да не бутнат, очигледно е дека се посакува неуспехот, очигледно е дека се сака да му се напакости на клубот.
Мотив? Епа во неврзани разговори се споменува варијантата
– Вардар да падне во најнизок ранг на натпреварување,
– Да се отвори стечајна постапка
– Да се ликвидира клубот со назив ФК Вардар, а потоа од 4-та лига да се создаде нов клуб до исто име, бои, седиште…
Што се сака да се постигне? – Новоформираниот клуб да стартува без долгови?
А дали е тоа така? АПСОЛУТНО НЕ ! Затоа што тој нов клуб кога еден ден ќе се врати во првата лига, би го наследил актуелниот долг, зголемен за затезни камати.
Но и тоа не е се! Клубот би морал да игра на минимум 60км надвор од Скопје како домакин, би морал да направи јасна дистинкција од актуелниот ФК Вардар, во бои, во додавка на име…едноставно би бил клуб без историја и наследство.
Дали тоа ги плаши оние кои ова го посакуваат? За жал НЕ !
Во ситуацијата во која сме затекнати, сме максимално злоупотребени и понижени.
– Намерно е дозволен егзодус на тимот.
– Веројатно намерно проблемот со Новак и Максимов се решаваат по преодниот рок, па така ништо не решава за тековната состојба, освен за идниот преоден рок.
– Намерно не се дава Тренинг Кампот, за Вардар да тренира, со цел да си покаже едниот на другиот “слон”, кој е газда !
Со МК Тикетс беше закочено повторно не по наша вина, а не и по нивна, но поради взаемното разбирање, меѓусебното почитување и коректен однос, проблемот се решава и ќе се реши, па така во текот на следната Недела играчите конечно ќе ги добијат средствата кои ние заедно со вас ги собравме за да барем делумно им го решиме тековното егзистенцијално прашање, веројатно за два или нешто повеќе месеци да функционираме.
Но пораката која ја испраќаат “слоновите” и начинот на кој го третираат Вардар е во најмала рака МИЗЕРЕН!
Но се ова ќе помине, и кога “слоновите” ќе се засолнат позади партиите кои ги прават посилни, шоуто ќе заврши, а Вардар ќе заврши некаде во нечии раце, и ние повторно ќе бидеме тука, а тие ќе отидат во заборав како бездушници и “канцелариски пацови”, кои не виделе еден ден работа, а имале привилегии затоа што биле партиски војници, а не затоа што застанале храбро да го бранат Вардар, а бранејќи го Вардар ја бранеле и Македонија ! Затоа што Вардар е последната линија на одбрана на Македонија !
Апел до играчите, стручен штаб и се она што е Вардар, држете се, со вас ќе останеме и тоа да ни е последно нешто во животот !
Да изгинеме заедно сите во Недела и да ја одбраниме честа на Вардар и Македонија, во ситуација кога честа е нападната од сите страни, но што е најтрагично и од внатре од “нашите” !
Да ги поставиме на вистинското место работите, и да не дозволиме да ни уринираат на она што ни е свето ! А на крајот секој ќе го добие заслуженото, Ветуваме !!!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski