
Навивачката група „Комити“ објави дека собрала 735.200 денари како донација за помош на настраданите од огромната трагедија во Кочани.
„Трагедијата во Кочани никогаш не смее да се заборави, ниту да се повтори!
Во овој момент, најважно е да се помогне на семејствата на настраданите, на сите кои се уште ја водат најважната борба!
Во таа насока, како група низ разни акции успеавме да издејствуваме 735.200 ден. помош за настраданите во Кочани!
Бидејќи секогаш сме транспарентни!
Веднаш по трагедијата, се упативме во Државната Болница во Скопје, каде што однесовме храна, вода и финансиска помош – 17.000 ден.
На натпреварот против РК Алкалоид, наши членови донираа 39.600 ден.
На натпреварот против Ц. Звезда, наши членови донираа 378.600 ден.
Донациите од кутиите пред стадионот во висина од 100.000 ден. ги дониравме на семејството на Сара Пројковска, вокал на групата ДНК, која жал е една од жртвите на трагедијата.
Нашата подгрупа – Комити Драчево донираше 200.000 ден. директна помош!
Комити Запад секогаш ќе бидат со народот и за народот. Нашата мила Македонија не одгледала, за да ја браниме!“, објавија „Комити“ на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
