Connect with us

Комити: „Ни рекоа, или ќе го дадете клубот на Миленко, или Вардар нема да постои“

Навивачката група „Комити“, во името на малцински акционер во ФК Вардар со 15% од акциите преку здружението „35 години Вардарци Скопје“, излезе на прес – конференција која ја водеше Милорад Миленковски. Тој ги откри новите членови на Одборот на директори, избрани на Собранието на 11 ноември, потенцирајќи дека за Извршен директор е назначен Миленко Неделковски.

„Комити секогаш ќе бидат за транспарентност, затоа што Вардар е клуб на народот. Не требаше да бидам сам, туку со сите нови членови на Одборот на директори. Но, еве ќе ги откријам кои се: Миленко Неделковски – извршен директор, и тројца неизвршни директори од страна на Атила Бижен Жалили, тоа се Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстовски Илиоски. Неизвршен член на Одборот на директори од наша страна е Мартин Гелев, претседателот на Здружение за промоција на спортски активности 35 години вардарци“; изјави Милорад Миленковски.

Тој истакна дека Комити биле доведени до одлука или да го дадат клубот или ФК Вардар да не постои. Претставник на Атила Бижен Жалили и на тие состаноци, на кои имало и посредници од Владата бил Миленко Неделковски.

„Првично одбивме, но на 3 јули си подадовме рака, задржувајќи 15% за да можеме да реагираме ако работите тргнат наопаку. Ни беше кажано – или ќе го дадете клубот или Вардар нема да постои. Договорот со инвеститорот беше заверен на 6 септември, а во ноември беше одржано Собранието на клубот“, посочи Миленовски.

Тој изрази загриженост за моментната структура на клубот, потенцирајќи дека очекувале поинаков развој на ситуацијата и поставување на луѓе со многу поголем кредибилитет.

Миленковски информираше дека Вардар има долг од три милиони евра, од кои 800.000 се кон Управата за јавни приходи (УЈП), 1,2 милиони евра за плати, 200.000 евра кон ПУИГ, но и други долгови кон доверители.

Посочи и дека долгот на клубот е околу 3 милиони евра и очекува жиро-сметката на АД ФК Вардар во блиска иднина да биде одблокирана. Тоа од друга страна уште еднаш јасно потврдува дека ФК Вардар функцонира на нелегален начин.

„Постои можност да се репрограмира долгот кон УЈП, законски е можно на 36 месеци, додека со владина одлука може да се пролонгира дополнително рокот. Сепак, има најави дека ќе се подмири долгот наскоро и сметката да биде деблокирана до крајот на годината. Меѓутоа тоа треба да го потврди и да го направи мнозинскиот акционер. Сите сакаме да биде подмирен долгот на Вардар“, кажа Миленковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови