
Навивачката група Комити реагира на одлуката на ФФМ и на Вардар како клуб, следниот меч против Тиквеш тимот да го игра без присуство на публика.
Соопштение го пренесуваме во целост.
По одлуката донесена од страна на ФФМ, а во координација со МВР, натпреварите од 17 коло на ПМФЛ да бидат одложени, и истите да бидат одиграни без присуство на публика, во вторник (03.12.2024) во 13:00 ч, го соопштуваме ставот на групата:
Скандалозното сквернавење на македонските симболи, кое со години се повторува во континуитет, не се решава со затворање на стадионите. Се решава со затворање на сите кои на било кој начин, се обидуваат да ја нарушат унитарноста на Република Македонија.
Гневот на Македонецот во овој момент е голем но е и целосно оправдан и истиот нема да исчезне, напротив, со носењето на вакви одлуки, уште повеќе ќе се зголемува!
Сметаме дека ваквите одлуки и непопуларни термини, дополнително влијаат и врз лошата ситуација во која генерално се наоѓа мак фудбалот, па затоа бараме од надлежните институции:
Поништување на одлуката со која натпреварите ќе се одиграат во вторник (03.12.2024) и повторно одигрување на истите, наредната недела со присуство на публика!
Покрај тоа, апелираме до Управата на ФК Вардар, веднаш да се одважи и да го прифати нашето уредно поднесено барање, натпреварот против ГФК Тиквеш, да биде одигран во вечерен термин!
СТАНИ МАКЕДОНЧЕ-ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski