
Навивачката група Комити преку соопштение побара да биде повторно разгледана одлуката за завршување на сезоната во Првата лига без да биде именуван шампион. Нема дилема дека најоштетен во целата ситуација е Вардар како убедлив лидер на табелата во моментот на прекинот, па најверните фанови на „црвено-црните“ бараат нивните миленици да го добијат трофејот што го заслужија со настапите во изминатата сезона.
Соопштението на Комити го пренесуваме во целост:
Штотуку добивме информации дека Фудбалското првенство е прекинато поради вирусот Ковид19. Се шпекулира дека иако Вардарци заслужено на терен создадоа недостижна предност од 10 поени, сепак првенството ќе било поништено. Веднаш контактирани се сите институции надлежни за ова прашање и кажано ни е дека сеуште нема одлука што понатаму и шпекулациите за сега се неточни.
Будно следиме што се случува и во зависност од одлуката ќе донесеме став дали од вонредна влегуваме во воена состојба!
Се надеваме на праведни одлуки кои ќе соодвестствуваат со ситуацијата на првенствената табела а тие се:
1) Продолжување на првенството откако ќе се смири ситуацијата со вирусот (асимтоматскиот) со којшто ќе треба да живееме во “новата нормалност”
2) Прекин на првенството и прогласување на Вардар за Шампион, и заверување на 11-та титула во Македонија и вкупно 12-та Шампионска титула вклучувајќи ја онаа во СФРЈ.
Секоја одлука која е спротивна на овие ќе значи девалвирање на трудот на младите момчиња кои на спортски, чесен и коректен начин ја стекнаа предноста на зелениот терен, но уште повеќе тенденциозност и директен напад на Вардар, Црвено Црната армија и навивачката група Комити Запад.
Овие момци заслужија титула !!!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
