Кингсли Коман (28) на Европското првенство во Германија одигра само 16 минути. Неговата Франција беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија (1-2), а Коман ги одигра своите 16 минути во групата против Холандија (0-0). На другите натпревари селекторот Дидие Дешамп не му даде шанса.
Поради ова брзоногиот напаѓач би можел да стави крај на репрезентативната кариера.
„Л’Екип“ пишува дека Коман е разочаран бидејќи направил сѐ за да биде подготвен за ЕП по бројните повреди. Коман минатата сезона одигра 27 натпревари за Баерн Минхен. Имаше пет гола и три асистенции, а на теренот мина 1.737 минути.
Французите пишуваат дека Роналд Коман не планира долго да игра фудбал и дека тоа може да ја забрза неговата одлука да се повлече од репрезентацијата.
Коман за Франција има 57 настапи и осум гола. Со репрезентацијата загуби во финалето на Евро 2016 и Светското првенство во 2022 година. Во својата кариера играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн и освои се што требаше да се освои. Во Баерн е од 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













