
Европско првенство. Ја почувствував магијата, но, за жал, нецелосно. Не можам да помогнам поради повредата на коленото, а би играл и со една нога. Боже, колку ми недостига само да истрчам на теренот и да бидам дел од тимот. Сепак, морам вака, преку колумна, да ја искажам поддршката.
Момци, можете вие. Тимот секогаш победува. Сите заедно, сложно, со меѓусебна почит и помош на теренот, борбено до фанатизам, со срце за македонскиот дрес, можете денеска да ја победите Украина.
Ја чувствуваме поддршката од сите Македонци, доаѓаат милиони пораки, а тие што ќе играат ќе треба целата енергија да ја пренасочат на теренот. Цела Македонија денеска го игра можеби клучниот меч.
Еуфорија на теренот, жешко срце и ладна глава на теренот. Верба во себе и може да падне Украина.
Напред Македонија! Јас ќе бидам најверниот навивач!


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski