Connect with us

Коло Муани сака трансфер во ПСЖ

Голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, ја известил управата на клубот дека сака да биде реализиран негов трансфер во ПСЖ. За францускиот репрезентативец заинтересирани се Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а желбата на 24-годишниот напаѓач е да го носи тимот на парижани.

Германскиот клуб не е против разделба со својата ѕвезда за доволно добра понуда. Пред една година бундеслигашот го ангажираше Коло Муани на слободен трансфер од Нант, а сега ќе инкасира огромна сума за неговиот трансфер.

Во својата прва и веројатно единствена сезона во тимот на Ајнтрахт Франкфурт, Французинот одигра вкупно 46 натпревари, на кои постигна 23 гола и забележа 17 асистенции.

ПСЖ е фокусиран на комплетирање на договорот за Гонсало Рамош од Бенфика и ќе го таргетира Коло Муани откако тоа ќе се случи. На „Паркот на принцовите“ сакаат прво да ги договорат личните услови на фудбалерот, а дури потоа да преговараат со Ајнтрахт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови