
Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Работнички со 2-0 во дербито на третото коло од шампионатот. „Црвено-црните“ беа подобар противник, особено во второто полувреме и славеа со головите на Бојан Колевски во 56.минута и на Даниел Аврамовски во 90.минута.
Првиот дел не понуди многу возбуда, но шансите и головите дојдоа во вторите 45.минута. Колевски во 53.минута го погоди дирекот, а само три минути подоцна се снајде одлично во шеснаесетникот на Работнички и одбиената топка од Шишковски ја смести во мрежата.
Работнички тргна по израмнување, се закани преку Јаго Гомес, но се отвори простор за Вардар да биде опасен преку контранапади. Аврамовски и Цветаноски не успеаја од изгледни позиции, но Вардар го потврди триумфот во 90.минута. Стрелец на голот беше Даниел Аврамовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
