
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ги израдува своите навивачи со веста за новиот договор на легендата Коке. Договорот со капитенот е обновен за уште една сезона – до летото 2025 година.
32-годишниот играч од средниот ред во својата кариера досега настапуваше само за „црвено-белите“ од Мадрид.
Репрезентативецот на Шпанија е играч на Атлетико, кој помина осум сезони во академијата на клубот.
Коке освои две шпански титули со Атлетико Мадрид, еден национален куп, два трофеи во Лига Европа и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите.
Во актуелната сезона тој веќе забележа 39 настапи за Атлети, во кои имаше пет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
