Франк Лампард ќе добие отказ поради лошите резултати на Челси во изминатиот период. Англискиот премиерлигаш кој вложи огромни средства во засилувања пред стартот на сезоната не ги оствари планираните цели, да се бори за шампионската титула. Цехот ќе го плати менаџерот Франк Лампард. Раководството го откажа денешниот тренинг на тимот и се очекува да дојде до разделба со менаџерот Лампард.
Веднаш стартуваа и шпекулациите кој ќе го замени Лампард на „Стемфорд бриџ“. Како најсериозни кандидати за клупата на Челси се споменуваат Томес Тухел, кој неодамна се раздели со Пари Сен Жермен, и Џулијан Нагелсман, кој е актуелен тренер на Лајпциг. Сепак, Тухел е првата опција и многу веројатно дека ќе ја добие довербата на англискиот клуб.
Секогаш во комбинација е и елитниот италијански страгег Масимилијано Алегри, но и Аврам Грант, кој би можел да биде привремено решение со оглед на одличните релации што ги има со сопственикот Роман Абрамович. Една од желбите на рускиот тајкун е и Андриј Шевченко, селекторот на фудбалската репрезентација на Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













