
ФИФА и КОНМЕБОЛ се блиску до договор за повторно воспоставување на старото натпреварување, претходникот на Купот на Конфедерациите, кој некогаш се нарекуваше „Куп на Артемио Франки“.
Само во два наврати се играше „Купот Артемио Франки“, на кој се состанаа актуелните шампиони на Европа и на Јужна Америка, како почит за починатиот претседател на ФИФА.
Подоцна беше основан Купот на Конфедерациите, на кој се приклучија и други шампиони на континентите, а сега постои идеја да се врати системот за едно финале меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион наречен – „Куп на Диего Марадона“!
Симболиката не може да биде поголема или поубава, затоа што на првиот Куп би се сретнале неговите две земји – Аргентина и Италија, неговата родна земја и државата каде се здоби со слава и бесмртност во дресот на Наполи.
Засега, сè е во фаза на идеја и разгледување, но бидејќи Купот на Конфедерациите е укинат, можеби ова е навистина најдоброто решение. Се шпекулира дека може да се игра и двомеч, еден натпревар во Неапол, а вториот на стадионот на Њуелс Олд Бојс, но треба да има еден натпревар и во земјата домаќин на наредното Светско првенство, Катар, на крајот на оваа или почетокот на следната година.
Патем, друга неверојатна симболика е дека на последниот „Куп Артемио Франки“, токму Диего Армандо Марадона го крена последниот трофеј со Аргентина. Во 1993 година, Аргентина како актуелен шампион на Копа Америка го совлада европскиот првак Данска на пенали со 5-4, откако во регуларниот дел беше 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
