Манчестер Сити се подготвува за одбрана на шампионската титула во Премиер – лигата и за напад на трофејот во Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола ги очекува големите трансфери на Џек Грилиш и на Хари Кејн, но исто така е импресиониран и од 18-годишниот Самуел Едози, 18-годишниот крилен напаѓач од младинскиот тим.
Шпанскиот стратег во претсезоната им даде шанса на неколку млади фудбалери, а Едози својата ја искористи на најдобар можен начин. Го воодушеви Гвардиола со своите игри. Тој постигна гол во победата од 2-0 над Престон, а потоа и против Барнсли и против Блекпул. Познавајќи го Гвардиола, кој сака да поддржи млади фудбалери, Самуел Едози би можел да стане значаен дел од составот на „граѓаните“ за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













