
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 во Торшавн против Фарски Острови на почетокот на новото издание во Лигата на нации. Тоа не е резултатот кој се очекуваше, а ниту пак фудбалерите предводени од селекторот Благоја Милевски прикажаа каква што од нив се очекуваше. Не потврдија на терен дека се големи фаворити во дуелот со Фарски Острови.

Можеби селекцијата од оваа мала земја и не е веќе тотален аутсајдер во европскиот фудбал, но ако Македонија не може да го победи овој противник, тогаш знаеш дека….не е на арно.
Во осмата минута Ахмед Иљазовски влечеше во сопствениот шеснаесетник, по што беше досуден пенал за Фарски Острови. Успешен реализатор беше Вољормур Давидсен.
Viljormur Davidsen scores from the spot!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/uGOesPAW4s
По примениот гол, Македонија тргна во иницијатива, имаше убава шанса Дарко Чурлинов во 19.минута, но домаќинот спаси од гол-линијата.

Во второто полувреме, веднаш пенал и за Македонија. Енис Барди го претвори во израмнување во 49.минута, и нашиот национален тим имаше речиси цело полувреме да дојде и до триумф. Сепак, не успеа во тоа. Лирим Ќамили имаше одлична шанса во 70.минута, но од петерецот успеа да шутира над голот.
Enis Bardhi equalizer! Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/sBjs1igYka
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Во финишот, шанса доби и дебитантот Марио Илиевски, но Македонија од Торшавн се враќа со реми (1-1) и со горчлив вкус од стартот на новото издание на Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
