
Англискиот првак Манчестер Сити стигна до важна победа (2-3) на гости кај Њукасл и му кажа добредојде назад во Премиер – лигата на Кевин де Бруин. А кога игра Белгиецот, тогаш „граѓаните“ имаат адут за триумф.
Сити со пресврт во второто полувреме успеа да слави со 2-3 и сега второпласиран на табелата со 43 бода, два помалку од лидерот Ливерпул.
Бернардо Силва во 26.минута обезбеди водство за Манчестер Сити, но Њукасл возврати со головите на Александар Исак во 35. и на Ентони Гордон во 37.минута.
Пеп Гвардиола ги повлече сите адути од клупата, го внесе Кевин де Бруин, а тој постигна гол за израмнување во 74.минута. Победничкиот гол беше дело на младиот Оскар Боб во 91.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито
