Турбуленции во македонскиот прволигаш Борец. Првиот човек на клубот, Кочо Анѓушев, кој го имаше мнозинскиот пакет во УО на клубот со компанијата „Брако“ се повлекува. Ова им е соопштено на фудбалерите и на стручниот штаб со напомена дека секој би можел слободно да си замине од клубот во последните денови од зимскиот преоден рок.
Кочо Анѓушев драматично беше револтиран на последното собрание на ОФС Велес на кое Борец не успеа да добие претставник. Подолг период висеше оваа одлука за повлекувањето на компанијата „Брако“, а сега е и официјална. Останува да се види каква ќе биде судбината на ФК Борец и дали во последен момент ќе може да помогне општина Велес.
Борец влегува во немирни води непосредно пред почетокот на вториот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Тимот имаше одлична есен и се наоѓа на петтото место на табелата со 25 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













