Connect with us

Клучни играчи на Тотенхем се враќаат во составот против Брајтон

Хјонг-Мин Сон и Ив Бисума се вратија во Лондон и ќе бидат достапни за претстојниот натпревар на Тотенхем во Премиер лигата против Брајтон, објави менаџерот Анге Постекоглу.


Сон беше со селекцијата на Јужна Кореја на Азискиот куп, а Бисума играше за Мали на Африканскиот куп на нации.

Тотенхем, кој е петтопласиран во Премиер-лигата со 44 бода, утре му гостува на Брајтон. Избраниците на Роберто Де Зерби се осми на табелата со 35 бода.

„Сони и Бис тренираат со нас. Првиот во четвртокот се опоравуваше, а денес имаше сесија со другите. Тој се уште го чувствува разочарувањето од поразот на Корејците во полуфиналето, но исто така знае дека даде сѐ од себе. Зборував со него и тој сака да игра“, рече Постекоглу, демантирајќи ги гласините дека Бисума не е во форма поради маларија на Африканскиот куп на нации.

„Тоа не е точно. Тој имаше блага форма на маларија пред турнирот и беше здрав кога започна. Бисума е во одлична состојба“.

Манор Соломон сигурно ќе биде надвор од тимот поради операција, додека состојбата на Џовани Ло Селсо ќе се проценува во последен момент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови